Баерн се сопна во Берлин (ВИДЕО)

March 15, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн се сопна во Берлин (ВИДЕО)

Унион Берлин приреди изненадување во 26. коло од Бундеслигата, освојувајќи бод против Баерн Минхен (1-1). Баварците поведоа преку Лерој Сане во 75. минута, но само девет минути подоцна Холербах постигна гол за домаќините, обезбедувајќи им значаен резултат против фаворизираниот противник. Во возбудлив дуел исполнет со шест погодоци, Борусија Менхенгладбах извојува триумф над Вердер Бремен со 2-4. Алесане Плеа беше главен актер на натпреварот, двапати погодувајќи за гостинот. Вердер успеа да израмни преку Шмид и Андре Силва пред паузата, но во вториот дел Менхенгладбах повторно поведе, а Клајндинст го постави конечниот резултат по асистенција на Плеа. Аугсбург запиша минимална победа на домашен терен против Фрајбург, додека во натпреварот помеѓу Мајнц 05 и Фрајбург немаше победник – мечот заврши со резултат 2-2.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.