Баерн спрема пакет за Вирц од 250 милиони евра!

May 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн спрема пакет за Вирц од 250 милиони евра!

Баер Леверкузен не сака да го пушти Флоријан Вирц кај најголемиот ривал, но Баерн не се откажува и нуди нешто што тешко се одбива! Според најавите, Баварците подготвуваат вкупен пакет од 250 милиони евра!

  • 125 милиони евра за Леверкузен
  • 125 милиони евра за самиот Вирц (5-годишен договор, 25 милиони евра годишна плата!)
Ако се реализира трансферот, Вирц ќе стане најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен, а веќе се водат првични разговори со неговиот татко, кој е и негов агент и тие се оценети како позитивни. Конкретен интерес за Вирц има и од Манчестер Сити и од Реал Мадрид. Тој би имал иста плата како Кејн, а би заработувал повеќе од Кимих, Нојер, Мусиала…

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.