Баерн тргнува по Вилијамс, откако Барса не успеа да го донесе

December 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн тргнува по Вилијамс, откако Барса не успеа да го донесе

Баерн Минхен ја разгледува можноста за ангажман на Нико Вилијамс, крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, пренесува новинарот Флоријан Плетенберг. Германскиот гигант планира да се обиде да го доведе шпанскиот репрезентативец следното лето, но евентуалниот трансфер ќе зависи од исходот на преговорите за обновување на договорите на тројца од офанзивните играчи на Баерн – Серж Гнабри, Лирој Сане и Кингсли Коман. Макс Еберл и Кристоф Фројнд имаат намера да го засилат тимот со еден или два врвни крилни напаѓачи, во зависност од ситуацијата со Сане, Гнабри, Коман и Сарагоса. Вилијамс, кој беше еден од клучните играчи за титулата на Шпанија на ЕВРО 2024, минатото лето беше поврзуван со Барселона, но одлучи да остане во Атлетик Билбао, клуб со кој има договор до летото 2027 година. Во оваа сезона, 22-годишниот Вилијамс има одиграно 23 натпревари за Атлетик, постигнувајќи два гола и пет асистенции.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.