January 18, 2025 | | Свет
Енис Барди, капитенот на македонската фудбалска репрезентација, дефинитивно се враќа во Шпанија, а својата кариера ќе ја продолжи во Ваљадолид, клуб во сопственост на легендарниот Роналдо, според шпанскиот AS. Барди пред три дена го раскина договорот со Трабзон, каде што во првиот дел од сезоната настапи само на осум натпревари. Во ноември 2023 година, тој и уште тројца играчи беа отстранети од тимот од страна на тренерот Шенол Гунеш. По заминувањето од Трабзон, Барди одлучи да се врати во шпанската Ла Лига, каде што до 2022 година со успех ги бранеше боите на Леванте. Според овој медиум, Ваљадолид успеал да ги победи Еспањол и Леганес во трката за потписот на македонскиот фудбалер. Инаку, Ваљадолид вчера доживеа пораз од Еспањол (2:1) и моментално се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 15 освоени бодови. Барди кој потекнува од школата на Шкупи. Претходно во кариерата има настапи и за Брондби и шведската Преспа Бирлик, како и унгарски Ујпешт, од каде се пресели во Шпанија во 2017 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |