Барса доби лоша вест: Повреден е Олмо, познато е колку ќе отсуствува

September 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса доби лоша вест: Повреден е Олмо, познато е колку ќе отсуствува

Дани Олмо се здоби со повреда на вчерашниот натпревар при што порано мораше да го напушти натпреварот против Џирона каде Барселона убедливо славеше со 4-1. Тој се здоби со повреда на феморалниот бицепс на десната бутина и ќе отсуствува околу четири до пет недели. Олмо го постигна третиот гол на натпреварот и теренот го напушти во 61. минута. Шпанецот на првите три натпревари кои ги одигра постигна три гола и веднаш успеа да се вклопи во тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.