November 29, 2024 | | Свет
Барселона се подготвува за голема промена на лето, бидејќи според „Sport“, клубот донел одлука да го продаде фудбалерот за врска, Френки де Јонг. По неколку сезони на „Камп Ноу“, 27-годишниот холандски репрезентативец се најде на раскрсница, каде што неговото место во тимот станува се понеизвесно. Главниот фактор за оваа одлука е неговата висока плата (19 милиони евра бруто), но и неговите настапи. Иако Де Јонг е без сомнение талентиран играч, Флик не е особено задоволен од неговите настапи, што резултирало со значително намалување на неговата минутажа во последно време. Ситуацијата дополнително се комплицира со појавата на опции во тимот. Марк Касадо ја освои довербата на Флик и се наметна како важен дел од средниот ред, додека Педри блеска во одлична форма, а Гави полека се враќа по тешката повреда. Како да не е доволно тоа, Де Јонг никогаш не се согласи на понудата за нов договор од Барселона, што дополнително ја усложни ситуацијата. На лето, тој ќе влезе во последната година од својот актуелен договор, што ќе го направи уште помалку атрактивен на пазарот и ќе ја намали неговата цена. Со оглед на тоа што сè повеќе играчи се наметнуваат како клучни фигури во тимот, а минутажата на Де Јонг се намалува, изгледа дека летото 2024 ќе биде период на промени, и Френки де Јонг би можел да го напушти „Камп Ноу“ за ново поглавје во својата кариера. Последните информации се дека клубот одлучил да ја повлече понудата која ја доставил до Де Јонг за нов договор бидејќи тој не давал никакви знаци дека сака да го продолжи договорот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |