Барса експресно ја одби првата понуда на Јувентус за Араухо

January 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса експресно ја одби првата понуда на Јувентус за Араухо

Барселона ја одби првата понуда од Јувентус за дефанзивецот Роналд Араухо, оценувајќи ја како премногу мала, објави Mundo Deportivo. Италијанскиот гигант е во потрага по нов централен дефанзивец поради повредите на Глејсон Бремер и Хуан Кабал, а Уругваецот Араухо е нивна приоритетна цел. Понудата на „старата дама“ изнесувала вкупно 30 милиони евра – 5 милиони евра како позајмица што ќе се плати веднаш, 20 милиони евра за откуп на неговите права следното лето и дополнителни 5 милиони преку разни бонуси. Сепак, од „Камп Ноу“ јасно ставија до знаење дека нема да го пуштат Араухо за помалку од 70 милиони евра, категорично отфрлајќи го предложениот договор од Јувентус. Иако играчот има желба да ја напушти Барселона, мисијата на италијанскиот клуб да го доведе нема да биде лесна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.