August 7, 2024 | | Свет
За време на пред сезоната на Барселона, новиот тренер Фанси Флик на дело ги виде младите таленти од Ла Масија, па најверојатно неколку од нив ќе бидат дел од првиот тим наредната сезона. Можеби и најголем впечаток му оставија Касадо и Бернал кои очигледно го предомислија Германецот да не бара од управата да се донесе играч за врска. „Мислам дека нема потреба да бараме нови играчи во средниот ред. Имаме неколку играчи кои се повредени и кои треба да се вратат, а дознавме дека имаме и млади играчи на кои може да се потпреме“, изјави Флик. Овде конкретно станува збор за младиот Марк Бернал, заден везен играч кој е мешавина на Родри и Бускетс и кој подобро игра со левата нога. Ова 17 годишно момче многумина го нарекуваат „новиот Бускетс“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |