Барса има креативен план како да го задржи Олмо

December 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса има креативен план како да го задржи Олмо

Барселона се соочува со сериозни финансиски проблеми, кои ја доведоа на работ на губење на своето значајно летно засилување Дани Олмо. Овој фудбалер, кој пристигна во клубот летоска од Лајциг за сума од 55 милиони евра, се најде во опасност да го напушти „Камп Ноу“ поради проблемот со регистрирањето во Ла Лига. Олмо веќе има одиграно 15 натпревари во Ла Лига, но постои можност да не биде регистриран за вториот дел од сезоната. Ако тоа се случи, играчот би можел да избере нов клуб како слободен агент. Меѓутоа, Барселона најде начин да го избегне овој ризик. Решението дојде преку продажба на ВИП ложите на новиот стадион „Камп Ноу“. Престижните седишта се барани од високо платени луѓе од цел свет, а продажбата ќе донесе очекуван приход од 120 милиони евра. Со ова, претседателот Лапорта ќе може да ги реши финансиските проблеми на клубот. Овој потег ќе им овозможи на Каталонците да ги исполнат строгите критериуми на Ла Лига и да го регистрираат Олмо, но и да донесат ново засилување во зимскиот преоден рок.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.