September 15, 2024 | | Свет
Барселона продолжува со добрите резултати во Ла Лига каде по пет одиграни кола успеаа да запишат пет победи. Со оваа победа, тие успеаа да се одмаздат на Џирона каде лани од овој тим примија дури осум гола на двата одиграни натпревари во шампионатот. Во првото полувреме шоу имаше страшниот талент Ламин Јамал кој постигна два гола и истите паднаа во 30. и 37. минута. Пред самиот крај на првото полувреме, беше досуден пенал за Џирона кој после проверката од ВАР беше поништен бидејќи немаше намера за игра со рака од страна на Иниго Мартинез. На самиот старт на второто полувреме победата ја потврди Дани Олмо со фантастичниот гол во акција во која сите очекуваа дека Олмо ќе му додаде на Рафиња, но Шпанецот се реши за директен удар. Во 64. минута во листата на стрелците се запиша и Педри по неверојатната асистенција на Касадо. Џирона даде почесен гол во 80. минута преку Стуани. Ханси Флик може да биде разочаран само поради една ситуација, а тоа е црвениот картон на Феран Торес кој лошо го нагазна противничкиот играч. Нашиот Бојан Миовски остана на клупата за резерви и на овој натпревар. Головите погледнете ги ТУКА.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |