March 27, 2025 | | Свет
Каталонскиот гигант Барселона влегува во исклучително напорен период, во кој за само 14 дена ќе мора да одигра дури пет натпревари. Ова значи дека избраниците на Ханси Флик ќе бидат ставени на тест со дуели на секои помалку од 72 часа. Фудбалскиот „маратон“ започнува вечерва од 21:00 часот со дуелот против Осасуна, а само три дена подоцна, Барса ќе го пречека тимот на Џирона во клучен натпревар за врвот на табелата. Но, ова е само почеток – распоредот продолжува со уште неколку жестоки предизвици што ќе го стават тимот на сериозно искушение. 27 март – Барселона – Осасуна (Примера) 30 март – Барселона – Џирона (Примера) 2 април – Атлетико – Барселона (Куп на Кралот) 5 април – Барселона – Бетис (Примера) 9 април – Барселона – Дортмунд (ЛШ)
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |