December 26, 2024 | | Свет
Барселона е убедена дека ја победила конкуренцијата и го обезбедила потписот на Џонатан Та од Баер Леверкузен. Германскиот дефанзивец ќе биде првото засилување за каталонскиот клуб и ќе пристигне наредното лето. Та ги завршува последните месеци од својот договор со Баер Леверкузен и нема намера да го продолжи. Според информации од неколку извори, во јануари тој ќе може да потпише пред-договор со нов клуб, а интересот за неговите услуги е голем. Барселона е водечка во трката за неговиот потпис. Деко, спортскиот директор на Барселона, минатиот месец бил во Германија на средба со Та и неговиот агент. По разговорот, според извештаите, Деко успеал да го убеди Германецот да ја прифати понудата на „каталонците“ и да се пресели на Камп Ноу. И „Sport “ и „Mundo Deportivo“ објавија дека преговорите со Џонатан Та се во напредна фаза и дека Барселона веќе смета дека договорот е постигнат. Очекувањата се дека дефанзивецот ќе биде првото ново име во тимот за идната сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |