November 23, 2024 | | Свет
Селта Виго и Барселона одиграа нерешени 2-2 во еден прилично динамичен натпревар во кој Каталонците прокоцкаа два гола предност. Рафиња го отвори резултатот во 15. минута и Барселона замина со гол предност на полувреме. Во вториот дел Левандовски ја дуплираше предноста во 61. минута, а проблемите почнаа во 82. минута кога Касадо доби црвен картон. Две минути подоцна Селта постигна гол преку Гонзалез, а во 86. минута домаќините целосно се вратија во игра преку Хуго Алварез. Барселона и денеска не изгледаше добро каде падот беше очигледен и пред репрезентативната пауза. Во моментов се први со 34. бода, втор е Атлетикот со 29, а Реал има 27 бода со два натпревари помалку.
CELTA HAS EQUALIZED!!! pic.twitter.com/lo5XnwhZAx
— Dr Yash (@YashRMFC) November 23, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |