Барса „навива“ Јувентус да го купи Тодибо за да заработи!

July 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса „навива“ Јувентус да го купи Тодибо за да заработи!

Тодибо е поранешен стопер на Барселона, а при неговата продажба, Барселона успеа да вметне клаузула со која ќе заработи 20% од следната продажба на Французинот. Во овој случај, Каталонците тријат раце дека Јувентус ќе го ангажира Тодибо бидејќи на Барселона секое евро и е важно поради проблемите со финансискиот фер плеј. Јувентус преговара, а наводно трансферот би ги чинел околу 35 милиони евра, но ако Јувентус го ангажира, летово ќе плати на Ница само пет милиони евра, а другите би дошле следното лето. Ова значи дека Каталонците ќе заработат еден милион сега, а следното лето би добила повеќе. Тодибо беше продаден поради лошата дисциплина која тој ја имаше за време на неговиот престој во Барселона, а Тодибо пак во претходна изјава има кажано дека не му била дадена вистинската шанса во овој клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.