Барса не ги искористи своите шанси, тука е Атлетико Мадрид за да ги казни и победи! (ВИДЕО)

December 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса не ги искористи своите шанси, тука е Атлетико Мадрид за да ги казни и победи! (ВИДЕО)

Барселона претрпе шокантен пораз од Атлетико Мадрид со 1-2 на домашен терен. Иако по прикажаното се чинеше дека Каталонците конечно ќе запишат победа во Ла Лига, Атлетико Мадрид успеа да ги изненади. Барселона одигра одлично прво полувреме каде Атлетико Мадрид воопшто не упати шут кон голот на Каталонците. Добрата игра на Барселона вроди со плод и голот дојде во 30. минута откако одлично повлече Педри и погоди на асистенција на Гави. Во вториот дел Атлетико Мадрид постигна гол буквално од ништо. Сакајќи да ја исфрли топката надвор од шеснаесетникот, младиот Касадо му ја „намести“ на Родриго де Пол кој одлично биеше и погоди. Каталонците имаа премногу пропуштени шанси и има за што да жалат. Атлетико дојде по бод, но запиша три бода. На самиот крај од натпреварот кога Барселона бараше втор гол, Серлот ги шокираше навивачите на Барселона и Атлетико дојде до сите три бода. Со оваа победа, Атлетико сега има 41 бода, Барса е втора со 38, а Реал Мадрид е трет со 37.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.