Барса не успеа да го искористи киксот на Реал, сега има +4 (ВИДЕО)

April 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса не успеа да го искористи киксот на Реал, сега има +4 (ВИДЕО)

Барселона имаше шанса да го искористи киксот на Реал Мадрид, но безуспешно.Вечерта на „Олимпик Ллуис Компањс“ заврши со вкус на разочарување, откако Реал Бетис успеа да го издржи налетот и да си замине со бод и натпреварот заврши 1-1. Дуелот започна со рано славје за домаќините. Во 7. минута, младиот борец Гави маестрално го отвори резултатот, претворајќи ја асистенцијата на Феран Торес во прецизен удар зад грбот на голманот на Бетис. Но, само осум минути подоцна, гостите возвратија преку Натан кој ја казни дефанзивната невнимателност и ја замолкна домашната публика. Раното израмнување донесе мирно продолжение, неочекувано за два тима познати по својата офанзивна игра. Иако Барселона ја имаше топката, иницијативата не се претвори во конкретен резултат. Каталонците беа без идеја во последната третина и со видлива тензија, ги потрошија сите адути. Денеска тимот на Флик не личеше на себе кога станува збор за ефикасноста пред голот. Разликата сепак се зголеми и Барселона сега има четири бодови повеќе од Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.