June 30, 2024 | | Свет
Барселона и официјално потврди дека Жоао Феликс и Жоао Кансело заминуваат од Барселона. Договорот на Маркос Алонсо истече па нема да биде продолжен, а истекоа и позајмиците на Феликс и Кансело, но постојат одредени шанси пак да бидат договорени позајмиците барем за еден од нив. Тоа ќе зависи од плановите на Барселона и правилата на финансискиот фер плеј кој ги кочи да можат да купуваат слободно. Барселона денеска ја соопшти одлуката за заминување на тројцата играчи. „Маркос Алонсо, Жоао Феликс и Жоао Кансело нема да продолжат во клубот. Договорот на шпанскиот дефанзивец истекува на 30 јуни, а двајцата Португалци кои играа на позајмица ќе се вратат во нивните клубови. Барселона сака да им се заблагодари за посветеноста и верноста и да им посака успех во иднина“, стои во соопштението на Барселона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |