Барса со пресврт против Овиедо, останува во чекор со Реал (ВИДЕО)

September 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса со пресврт против Овиедо, останува во чекор со Реал (ВИДЕО)

Барселона ја продолжи трката со својот најголем ривал Реал Мадрид, откако вечерва славеше со 3-1 на гостувањето кај Овиедо. Каталонците се најдоа во негатива по првиот дел, но во продолжението одиграа далеку подобро и со три погодоци дојдоа до значајни три бода. Домашните поведоа во 33. минута преку Реина, кој ја искористи грубата грешка на голманот Жоан Гарсија – чуварот на мрежата на Барса излета далеку од својот шеснаесетник и му подари лесна завршница на противничкиот играч. Сепак, влегувањето на Френки де Јонг по паузата целосно го промени ритамот на мечот. Во 56. минута Ерик Гарсија израмни по одбиен удар на Феран Торес, а десет минути подоцна резервистот Роберт Левандовски на додавање од Де Јонг ја донесе Барса во водство. Крајниот резултат го постави Роналд Араухо во 88. минута, со што Барселона ја запечати победата и остана веднаш зад Реал на табелата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.