Барселона го претстави новиот дрес, легендите учествуваа во промоцијата! (ВИДЕО)

July 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона го претстави новиот дрес, легендите учествуваа во промоцијата! (ВИДЕО)

Барселона официјално го претстави дресот за наредната сезона и истиот е инспириран од наследството, траекторијата (патувањето) и корените на клубот. Годинава тие како клуб слават 125 години постоење, а засега коментарите во однос на дизајнот се позитивни. Во видеото учествуваа Роналдињо, Иниеста, Пујол, а се спомнува и Меси. Очигледно е враќање на дизајнот од пред десетина години, со делба на дресот на само два дела, едниот со црвена, другиот со сина боја, наместо досегашните вертикални линии кои беа заштитен знак во последните неколку сезони. Во прилог можете да го погледнете промотивното видео:

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.