Барселона го ,,почасти” Комо со пет гола во мрежата! (ВИДЕО)

August 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона го ,,почасти” Комо со пет гола во мрежата! (ВИДЕО)

Во рамките на традиционалниот Трофеј „Жоан Гампер“, „каталонците“ по 46-ти пат го освоија трофејот, совладувајќи го Комо со убедливи 5-0. Италијанците ги предводеше поранешниот плејмејкер на Барса – Цеск Фабрегас, а во тимот беше и Сержи Роберто. Ханси Флик, и без повредениот Роберт Левандовски, доби шанса да ужива во ефикасна вечер. Фермин Лопез постигна два гола, Рафиња еден гол и Ламин Јамал уште два гола. Барса ги заврши подготовките со 4 победи од 4 натпревари. Првиот предизвик во Ла Лига – в сабота, на гости кај Мајорка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.