June 20, 2025 | | Свет
Фудбалскиот клуб Барселона се подготвува за голема реконструкција на тимот летово, со цел да создаде финансиски простор за регистрирање на нови засилувања. Каталонскиот гигант е подготвен да се раздели со најмалку седум фудбалери за да ги отвори вратите за доаѓањето на Жоан Гарсија и долго посакуваната ѕвезда од Атлетик Билбао, Нико Вилијамс. Според шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, меѓу потенцијалните заминувања се најдоа: Ансу Фати, Пау Виктор, Пабло Торе, Ињаки Пења, Ориол Ромеу, Андреас Кристенсен, како и досегашниот прв голман Марк-Андре тер Штеген. Барса и натаму е под лупа на Ла Лига поради финансиските ограничувања и правилото 1:1, кое дозволува трошење само онолку колку што клубот заработува. Ова ги принудува каталонците да прават болни, но нужни избори, за да може нови имиња да бидат регистрирани. Претседателот Жоан Лапорта, и покрај предизвиците, најавува дека пред Барселона е „возбудлива сезона“ и уверува дека ќе се најде начин да се реализираат клучните трансфери. Сепак, иднината на неколку фудбалери останува неизвесна, а исходот ќе зависи од развојот на пазарот во наредните недели.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |