July 21, 2024 | | Свет
Барселона се надева дека и наредната сезона Жоао Кансело пак ќе биде дел од тимот. Минатата сезона тој ја помина во Барселона на позајмица и одигра солидно со тоа што во клучните натпревари против Реал Мадрид на Бернабе и вториот натпревар од Лигата на Шампионите против ПСЖ одигра очајно. Но, Барселона го цени неговото искуство, како и флексибилноста да може да игра и на двете бековски позиции. Според информациите на „Sport“, Барселона започнала преговори за Кансело. Засега нема дополнителни информации дали се преговара за нова позајмица или за перманентен трансфер каде непознато е дали Барселона ќе може да го откупи поради рестрикциите од Ла Лига или пак ќе мора да преговара за позајмица. Договорот на играчот со Манчестер Сити е до летото 2027 година.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |