March 16, 2025 | | Свет
Барселона одигра неверојатно второ полувреме во дербито на колото во Ла Лига против Атлетико Мадрид, а конечниот реезултат е 2-4 за Каталонците. Ова беше еден од најдобрите натпревари во Ла Лига сезонава дефинитивно во која тимот на Ханси Флик излезе како победник. Хулијан Алварез го отвори резултатот во 45. минута на асистенција на Џовани Симеоне. Во оваа акција Барселона беше очигледно оштетена бидејќи имаше игра со рака од страна на Де Пол во истата акција. Серлот го зголеми резултатот на 2-0 во 70. минута и покажа дека секогаш е расположен кога игра против Барселона. Но, Барселона не се откажа и покрај двата гола негатива. Левандовски само две минути подоцна ја врати Барселона во игра, а шест минути подоцна Феран Торес со глава стрелаше по одличниот центар шут од Рафиња. И тука Каталонците не застанаа. Во 92. минута Јамал стрелаше со многу среќа бидејќи истата се одби и го промени правецот. Потоа Атлетико се обиде да избегне пораз, но неуспешно. Победата за Барселона ја потврди Феран Торес со гол во 98. минута.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |