Барселона и Осасуна приморани да играат во ужасен термин

March 20, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона и Осасуна приморани да играат во ужасен термин

Фудбалската федерација на Шпанија ги одби жалбите на Барселона и Осасуна, па одложениот натпревар од 27. коло ќе се одигра на 27 март. Првично, дуелот помеѓу Барселона и Осасуна беше закажан за 8 март, но беше одложен во последен момент поради трагичната смрт на докторот Карлес Мињаро, кој почина во попладневната дремка, како дел од стручниот штаб на „каталонците“. По одложувањето, ФФШ донесе одлука за нов датум, кој веднаш предизвика незадоволство кај двата клуба. Барселона поднесе жалба поради отсуството на неколку клучни играчи како Роналд Араухо и Рафиња, кои ќе бидат со своите репрезентации, додека Осасуна се пожали дека веќе на 28 март треба да игра против Атлетик Билбао, што значи два натпревари за само 48 часа. Сепак, ФФШ ги отфрли приговорите. Според нивното образложение, репрезентативните обврски не претставуваат доволен основ за промена на датумот, а жалбата на Осасуна беше одбиена бидејќи нивниот натпревар со Атлетик Билбао е поместен на 30 март, што им овозможува доволно време за одмор и подготовка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.