Барселона има четири опции за ново лево крило

March 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона има четири опции за ново лево крило

Барселона летово ќе биде активна на трансфер пазарот, но без поголеми потреси. Тренерот Ханси Флик има јасен план – засилување на бековските позиции и додавање на офанзивна сила на левото крило. Во потрага по ново напаѓачко решение, четири имиња се во конкуренција. Најновото од нив е Адемола Лукман од Аталанта, кој би можел да пристигне за околу 35 милиони евра, што го прави најдостапната опција. Спортскиот директор Деко ја посакува првенствено ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз, но неговата цена од околу 70 милиони евра го компликува трансферот. Рафаел Леао, иако квалитетен, не е меѓу главните приоритети на Флик, а Милан бара над 80 милиони евра за него. Една од старите желби останува и Нико Вилијамс, чија откупна клаузула од 60 милиони евра го прави втората најисплатлива опција по Лукман. Барселона сака поголема конкуренција на крилните позиции – Рафиња може да ротира со Ламин Јамал, Ансу Фати не е во плановите, а Феран Торес може да добие улога во нападот. Голема е веројатноста дека еден од овие играчи ќе го засили тимот на „Камп Ноу“ ова лето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.