Барселона има јасна цел: Да го потпише Халанд во 2025 или 2026 година

October 15, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона има јасна цел: Да го потпише Халанд во 2025 или 2026 година

Ерлинг Халанд би можел да ја продолжи својата кариера во Барселона, пренесува „Sport.es“. Мандатот на Лапорта истекува во 2026 година, па пред наредните избори, претседателот на клубот сака да донесе ѕвездено засилување кое треба да заигра на реновинариот „Камп Ноу“. Од претходно е познато дека Лапорта има добар однос со агентката на Халанд Рафаела Пимента. Веќе одреден период се претпоставува дека Халанд сака да го напушти Манчестер Сити, а следниот негов предизвик да биде Барселона или Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.