Барселона испрати понуда за талентот на Ливерпул!

August 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона испрати понуда за талентот на Ливерпул!

Фабрицио Романо донесува ексклузивна информација. Тој тврди дека Барселона испратила понуда за позајмица на талентот на Ливерпул Стефан Бајчетиќ, а ова следува по тешката повреда на младиот Марк Бернал кој ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено и го чека долга пауза. Тие понудиле четири милиони евра без опција за откуп. Воедно, непознато е кога Де Јонг ќе се врати на терените, па на Барселона и треба итно решение. Бајчетиќ е заден везен фудбалер, а понуда за него има и од Салзбург за младиот Шпанец. Бајчетиќ е син на поранешниот фудбалер на Црвена Звезда, Срѓан Бајчетиќ, но е роден во Шпанија и избра да игра за шпанската репрезентација.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.