Барселона ја активираше клаузулата на Гарсија – плати над 26 милиони евра поради инфлација

June 16, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона ја активираше клаузулата на Гарсија – плати над 26 милиони евра поради инфлација

Барселона го заврши трансферот на голманот Жоан Гарсија од градскиот ривал Еспањол, откако ја активираше неговата откупна клаузула. Иако првично се сметаше дека клаузулата изнесува 25 милиони евра, Каталонците морале да платат точно 26,3415 милиони евра – повисока сума поради инфлациската корекција. Информацијата беше потврдена од Ла Лига и проследена до Еспањол во саботата, а утрово и официјално ја потврди и групацијата Растар, сопственик на Еспањол, преку соопштение објавено на берзата во Шенжен. Се очекува Барселона во наредните денови официјално да го претстави 23-годишниот Гарсија, кој во изминатата сезона имаше значајна улога во тимот на Еспањол. Со овој потег, Барселона покажува јасна стратегија за обезбедување на иднината на голманската позиција, особено со оглед на најавите дека клубот би можел да се раздели со Марк-Андре тер Штеген ова лето.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.