Барселона ја испрати првата официјална понуда за Киеза

August 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона ја испрати првата официјална понуда за Киеза

Киеза сигурно ќе замине од Јувентус бидејќи тренерот Тиаго Мота не смета на него и јавно кажа дека Италијанецот треба да си најде нов клуб. Оваа шанса сака да ја искористи Барселона која остана со празни раце откако Нико Вилијамс реши да не дојде кај нив, а играч како Леао е премногу скап, но и Милан одбива да го пушти. Тој има клаузула од 175 милиони евра, но тешко некој да ја плати, па така ќе мора да се седне и да се преговара со клубот, нешто што Милан одбива да го направи. Како што пренесува каталонскиот весник „Sport“, Каталонците ја испратиле првата официјална понуда која изнесува девет милиони евра плус четири милиони евра бонуси. Личните услови наводно веќе биле договорени каде што Киеза ќе зема плата од 4,5 милиони евра по сезона и ќе потпише тригодишен договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.