February 6, 2025 | | Свет
Барселона се избори за место во полуфиналето на Копа дел Реј со убедлива победа од 5-0 против Валенсија, во натпревар во кој доминираше од самиот почеток. Каталонците повторно беа немилосрдни кон противникот, кој и во претходниот лигашки дуел доживеа тежок пораз од 0-7. Димитриевски доби шанса на голот на Валенсија наместо Мамардашвили, но не успеа да го спречи дебаклот на својот тим, примајќи пет гола. За македонскиот голман, ова беше еден од најлошите настапи на интернационалната сцена, бидејќи ретко кога примил толку голови и направил грешки. Барселона го најави убедливиот триумф уште во првото полувреме, постигнувајќи четири гола за само 27 минути. Феран Торес успеа да запише хет-трик против својот поранешен клуб, а Фермин Лопез исто така се запиша во листата на стрелците. Конечните 5-0 ги постави Ламин Јамал во 59. минута, искористувајќи голема грешка на Димитриевски, кој дозволи топката да му помине низ рацете. Подоцна, македонскиот голман успеа да се искупи со одлична одбрана во ситуација еден на еден против Дани Олмо. Освен Барселона, во полуфиналето на Копа дел Реј место обезбедија и Реал Сосиедад, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Сите голови и киксот на Столе погледнете ги ТУКА и во видеото подолу.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |