Барселона ја прегази Жирона во градското дерби (ВИДЕО)

March 30, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона ја прегази Жирона во градското дерби (ВИДЕО)

Барселона ја победи Жирона со резултат од 4-1 во каталонското дерби кое на распоредот се најде во 29. коло во Ла Лига. Домаќините започнаа добро и креираа шанси, но дури пред крајот на првото полувреме успеаа да го скршат отпорот на гостите преку автоголот на Крејчи. На самиот старт на вториот дел гостите успеаа да ја изненадат Барселона преку голот на Данџума во 53. минута. Но, осум минути подоцна во листата на стрелците се запиша и Роберт Левандовски кој даде интелегентен гол. Потврдата на триумфот дојде во 77. минута кога Роберт Левандовски повторно успеа да постигне гол на асистенција на Френки де Јонг кој одлично се проби до шеснаесетникот на гостите. Конечните 4-1 ги постави Феран Торес по асистенцијата на Жерар Мартин во 86. минута. Барселона ги одржува трите бода пред Реал Мадрид, а од оваа коло има и девет повеќе од Атлетико Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.