January 3, 2025 | | Свет
Барселона успешно ги исполни барањата на Ла Лига и денеска доби средства од продажбата на ВИП местата на Камп Ноу. Две компании од Катар и Обединетите Арапски Емирати инвестираа 28 милиони евра, со што вкупниот износ од сите уплати достигна 100 милиони евра. Оваа сума му овозможува на клубот да го исполни правилото 1:1, што значи нормално функционирање без никаков проблем за купување и регистрирање на играчи. Кога банката ќе ги обработи трансакциите, Барселона ќе достави дополнителни документи до Ла Лига. Ова ќе биде финалниот чекор за регистрација на новите засилувања, Дани Олмо и Пау Виктор. Откако клубот не стигна да ги регистрира и двајцата до 31 декември до кога тие беа регистрирани, им беа дадени три дена рок за да успеат да го корегираат тоа па сега од клубот се убедени дека оваа сага ке заврши. Ваквата операција беше клучна за нивна регистрација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |