Барселона конечно го потпишува најголемиот спонзорски договор во историјата

November 9, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона конечно го потпишува најголемиот спонзорски договор во историјата

Барселона конечно се договори со Најк за да го потпише најголемиот спонзорски договорот во историјата на овој спорт. Каталонците ги потпишале сите потребни документи, па сега останува истото да го направи и америчката компанија, пишува „RAC1“. Конечно Барселона ќе добие финансиска инекција која итно и е потребна поради проблемите кои се уште ги имаат со финансискиот фер-плеј. Клубот ќе добие 158 милиони евра само за потписот како бонус, плус дополнително тука е самиот спонзорски договор. Договорот ќе биде потпишан на 14 години и Барселона во тој период ќе заработи 1.7 милијарди евра. Годишно каталонскиот гигант ќе добива по 127 милиони евра, но ќе ја користи и спортската опрема од оваа компанија. Наскоро се чека и официјална потврда на целата зделка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.