Барселона конечно успеа да го регистрира Дани Олмо!

August 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона конечно успеа да го регистрира Дани Олмо!

Дани Олмо конечно ќе може да дебитира за Барселона и тоа уште вечерва откако стигна потврда и од Ла Лига дека тој е регистриран. Ова доаѓа по повредата на Андреас Кристенсен кој подолго време ќе биде надвор од терените па така се ослободи простор Шпанецот да биде регистриран. Дани Олмо пристигна во Барселона од редовите на Лајпциг за сума од 55 милиони евра фиксни и плус околу седум милиони евра во бонуси.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.