Барселона направи пресврт против Реал Сосиедад и изби на врвот на Ла Лига (ВИДЕО)

September 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона направи пресврт против Реал Сосиедад и изби на врвот на Ла Лига (ВИДЕО)

Барселона го искористи киксот на Реал Мадрид во дербито со Атлетико и со триумфот над Реал Сосиедад (2-1) се искачи на првото место во Ла Лига. Сосиедад прв поведе преку Алваро Одриозола во 30. минута, но Каталонците израмнија пред паузата со погодок на Жил Кунде (43’). Победничкиот гол падна во 72. минута – Ламин Јамал нафрли од десната страна, а Роберт Левандовски со прецизен удар со глава го постави конечниот резултат. Со оваа победа Барселона има 19 бода, еден повеќе од Реал Мадрид.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.