Барселона откри кога планира да се врати на „Камп Ноу“

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона откри кога планира да се врати на „Камп Ноу“

Стадионот на Барселона „Камп Ноу“ сè уште се реновира а клубот се надева дека наскоро ќе можат да се вратат. Портпаролката на клубот Елена Форт рече дека очекуваат тоа да се случи пред крајот на оваа година. Иако желбата на Лапорта беше тоа да се случи во ноември и стадионот да биде готов за 125 годишнината на клубот, односно 29 ноевмри, сепак тоа нема да се случи. Ако не се исполни и целта да се вратат до крајот на годината, следниот рок ќе биде јануари 2025 година. Откако стадионот повторно ќе биде пуштен во употреба, капацитетот ќе биде 62.000 места, а откако ќе заврши реконструкцијата, која е предвидена за летото 2026 година, капацитетот ќе достигне 105.000 седишта. Причини за забавеното работење периодот беа административни дозволи и поплаки од работниците за условите на работа, како и од жителите кои живеат таму поради бучавата која се прави во тој дел од градот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.