Барселона повторно бара дозвола за делумно отворање на Камп Ноу

August 5, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона повторно бара дозвола за делумно отворање на Камп Ноу

И покрај тоа што минатата недела доби забрана за организација на натпревари на Камп Ноу, Барселона испрати ново барање до Градскиот совет за дозвола да организира натпревари со публика. Клубот бара дозвола за првиот домашен натпревар во новата сезона против Валенсија на 14 септември, со ограничен капацитет од 30.000 гледачи – значително помалку од претходно бараните 60.000. Истото ограничување би важело и за натпреварот против Гетафе една недела подоцна. Според планот, капацитетот постепено би се зголемувал: - 45.000 гледачи за наредните дуели во Ла Лига и ЛШ - 60.000 гледачи во втората фаза од сезоната Како резервна опција, клубот и натаму го разгледува стадионот „Јохан Кројф“, но проблем претставуваат натпреварите од Лигата на шампионите, каде не е дозволена промена на стадион во текот на сезоната. Во оваа фаза, стадионот „Монжуик“ каде Барселона играше минатата сезона дефинитивно е отпишан.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.