May 3, 2025 | | Свет
Барселона со доста мака стигна до три бода на гостувањето кај Ваљадолид, совладувајќи го со 2-1 во натпревар од 34. коло во Ла Лига. Иако противникот веќе е испаднат од елитата, Каталонците мораа да направат пресврт за да стигнат до победата, која сега им носи значајна предност на врвот на табелата. Ваљадолид го шокираше лидерот уште во 6. минута, кога Санчез постигна погодок по првата и единствена шанса во првиот дел. Барселона напаѓаше, создаваше, но неуспешно се мачеше до почетокот на второто полувреме. Изедначувањето дојде преку Рафиња во 54. минута, а само шест минути подоцна Мартин асистираше до Фермин Лопез кој ја потврди победата. Со овој триумф, Барселона сега има 79 бода и води со седум предност пред Реал Мадрид, кој допрва го игра својот натпревар од ова коло против Селта Виго. Атлетико Мадрид е трет со 67 и веќе нема реални шанси за титулата. До крајот на сезоната остануваат уште четири кола, а во следното Барселона и Реал ќе се сретнат во ново Ел Класико, кое може да биде пресудно за титулата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |