Барселона „пукна петарда“ против Јанг Бојс, Арсенал сигурен против ПСЖ! (ВИДЕО)

October 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона „пукна петарда“ против Јанг Бојс, Арсенал сигурен против ПСЖ! (ВИДЕО)

Барселона успеа да го совлада Јанг Бојс со 5-0 во второто коло од Лигата на шампионите. Резултатот за Барселона го отвори Роберт Левандовски на асистенција на Рафиња во 8. минута. Во 34 минута Рафиња успеа да се запише и во листата на стрелците, а три минути подоцна Ињиго Мартинез постигна гол со глава на асистенција на Педри, па натпреварот беше решен уште во првото полувреме. На стартот на второто полувреме, односно во 51. минута Левандовски постигна уште еден гол, а му намести Ињиго Мартинез. Гостите на овој натпревар имаа една пречка и една шанса каде Касадо успеа да спаси Јанг Бојс да постигне гол. Како шлаг на тортата дојде и петтиот гол за Барселона и тоа во 81. минута кога капитенот Камара несреќно си постигна автогол. Барселона ги запиша првите бодови во Лигата на шампионите откако во првото коло загубија од Монако. Во наредното коло Барселона го дочекува Баерн Минхен. Што се однесува до Арсенал, победата беше најавена уште во првото полувреме во дуелот против ПСЖ. Во 20. минута Хаверц погоди прекрасно со глава на асистенција на Тросар каде Донарума задоцни да излезе и да се обиде да интервенира. Стрелец на вториот гол беше Сака каде голот падна директно од неговиот центар шут каде се испостави дека никој не ја допрел топката во шеснаесетникот. Со оваа победа, Арсенал има четири бода. Во наредното коло го дочекуваат Шахтар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.