Барселона сака да го ангажира дефанзивецот кој Баерн го сака цело лето!

August 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона сака да го ангажира дефанзивецот кој Баерн го сака цело лето!

Според новинарот Флоријан Плетенберг, Барселона ја разгледува опцијата за да го ангажира Џонатан Та од Баер Леверкузен. Тој тврди дека првите разговори веќе започнале, а во целата ситуација Баерн Минхен може да остане со празни раце бидејќи буквално цело лето преговараат за него, а чудно е што тој трансфер досега не е завршен. Германецот сѐ упорно досега одбиваше да го продолжи договорот со Леверкузен за да премине во Баерн Минхен, а тимот од Баварија и натаму преговара за него. Договор на Та истекува наредното лето а тој ќе биде достапен за цена од 20-25 милиони евра. За да се случи ова, до крајот на трансфер периодот Барселона треба да ги поправи финансиите за да може да го регистрира, а се очекува и Ерик Гарсија да замине во Жирона за да го донесат Та како негова замена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.