September 13, 2024 | | Свет
Односите помеѓу Барселона и Френки Де Јонг се лоши веќе неколку години. Во моментов тој е повреден, одбива да оди на операција, никој не знае кога ќе се врати и има преголема плата (37,5 милиони евра бруто), па Барселона на големо размислува што да прави со него. Дури и преговорите за нов договор и намалување на платата одат тешко, па Барселона сака да го продаде или да го понуди во замена за некој играч. Како што пренесува каталонски „SPORT“, Барселона размислува да му предложи на ПСЖ замена на Френки де Јонг со шпанскиот играч од средниот ред Фабиан Руиз. Фабиан Руиз имаше одлично Европско првенство, а тој силно се поврзуваше со Барселона и во периодот кога играше за Наполи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |