Барселона сака да му ја одземе капитенската лента на Тер Штеген

July 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона сака да му ја одземе капитенската лента на Тер Штеген

Барселона планира да го смени Марк-Андре тер Штеген од капитенската функција, пренесува „Мундо Депортиво“. Одлуката е заедничка на клубот и стручниот штаб, а како причина се наведува однесувањето на германскиот голман во изминатиот месец. Клубот е незадоволен од неговата неовластена изјава за операцијата на грбот и очекуваното време на опоравување, како и од тоа што ќе биде отсутен од тимските активности најмалку уште четири месеци. Тренерот Ханси Флик ќе одлучи кој ќе биде новиот капитен – изборот може да го направи сам или да го препушти на играчите. Меѓу сегашните капитени се Роналд Араухо, Френки де Јонг, Педри и Рафиња, а во пошироката листа кандидати се Ињиго Мартинес, Роберт Левандовски, Феран Торес и дури и Ламин Јамал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.