Барселона сакаше да го откраде Шпанецот, но тој заврши во Австрија!

August 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона сакаше да го откраде Шпанецот, но тој заврши во Австрија!

Барселона вчера испрати понуда за талентираниот играч од средниот ред на Ливерпул Стефан Бајчетиќ, а понудата беше четири милиони евра за една година позајмица. Но, ваквата операција не може да се случи поради финансискиот фер плеј кој го блокира трансферот, па така Бајчетиќ ќе премине во Салзбург. Претходно таткото на Бајчетиќ изјави дека не очекувале Барселона да се вклучи во трката, но и дека неговиот син е спремен да игра за голем клуб како Барселона или пак Ливерпул каде во моментов тешко ќе се избори за минутажа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.