Барселона се ослободи од напаѓачот кој требаше да го замени Левандовски

February 28, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона се ослободи од напаѓачот кој требаше да го замени Левандовски

Барселона официјално потврди дека постигнала договор за трансфер на Витор Роке во Палмейрас. Бразилскиот напаѓач, кој денес го прославува својот 20-ти роденден, се враќа во татковината, искористувајќи го фактот дека трансфер пазарот во Бразил сè уште е отворен. Иако пристигна во Барса пред една година од Атлетико ПР, Роке не успеа да се наметне во тимот. Минатото лето беше испратен на позајмица во Бетис, но и таму не ги оправда очекувањата. Според неофицијални информации, каталонскиот клуб ќе добие 25,5 милиони евра плус дополнителни 5 милиони како бонуси. Палмейрас веќе го потврди трансферот, со што Роке ќе добие нова шанса за подем во кариерата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.