Барселона со драматичен пресврт против Леванте – од 0:2 до голема победа (ВИДЕО)

August 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона со драматичен пресврт против Леванте – од 0:2 до голема победа (ВИДЕО)

Барселона извојува драматична победа на гостувањето кај Леванте со 3:2, во натпревар од второто коло во Ла Лига. Иако на полувреме „блауграна“ беше во негатива од два гола, во второто полувреме демонстрираше карактер и успеа да направи целосен пресврт. Домаќините одлично го започнаа мечот и во 15. минута поведоа преку Ромеро. Во самиот финиш од првиот дел Леванте доби пенал, а искусниот Хозе Луис Моралес (38) прецизно реализираше за 2:0 и шок за Барселона на одмор.

Тимот на Флик одговори на најдобар можен начин веднаш по паузата. Педри во 49. минута со вистински еврогол го намали резултатот, а само три минути подоцна Феран Торес израмни по еден прекин. „Каталонците“ до крајот притискаа за победа и беа наградени во судиското надополнување. Младиот Ламин Јамал испрати прецизен центаршут, а несреќниот Елгезабал ја смести топката во сопствената мрежа за автогол и комплетен пресврт – 2:3. Со овој триумф, Барселона ја запиша својата втора победа сезонава и остана во чекор со врвот на табелата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.