Барселона со многу мака стигна до победа против Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

February 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона со многу мака стигна до победа против Рајо Ваљекано (ВИДЕО)

Барселона повторно изби на првата позиција на табелата откако со минимални 1-0 успеа да го совлада Рајо Ваљекано со голот на Роберт Левандовски од белата точка. Каталонците ја искористија ситуацијата во која Реал Мадрид и Атлетико Мадрид не успеаја да победат во ова коло, па сега се на првата позиција со 51 бод, колку што има и Реал. Атлетико останува на третото место со 50 бодови, а борбата за титулата ќе биде неизвесна до крајот. Иако тимот на Ханси Флик влезе како фаворит во натпреварот, мораше сериозно да се потруди за да го скрши отпорот на гостите од Ваљекас. Барселона стигна до водство во 28. минута преку Роберт Левандовски, кој беше прецизен од белата точка. Судијата досуди пенал откако Ињиго Мартинез падна во казнениот простор по контакт со противнички играч, иако топката не беше во негова насока. ВАР ја потврди одлуката. Рајо Ваљекано имаше сериозни поплаки за два недосудени пенали, а дополнително беше револтиран поради поништениот гол во 43. минута, кој судијата го анулираше поради наводно влијание врз акцијата од страна на играч во офсајд, иако беше јасно дека станува збор за пасивен офсајд. И покрај сите полемики, Барселона ги освои трите бода и сега ја дели челната позиција со Реал Мадрид, со што го прави шампионскиот трон во Ла Лига уште понеизвесен.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.