Барселона со специјална понуда за Јамал, тинејџерот ќе прифати ако замине колегата

June 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона со специјална понуда за Јамал, тинејџерот ќе прифати ако замине колегата

Ламин Јамал е еден од најдобрите тинејџери во светскиот фудбал. Фудбалерот на Барселона во моментов настапува за Шпанија на Европското првенство каде и таму игра на високо ниво. Тој воедно стана и најмладиот играч кој настапил на Европското првенство во историјата, како и најмлад асистент. Медиумите во Шпанија го отворија прашањето за тоа на Јамал да му биде даден дресот со бројот 10 во Барселона. Моментално тој број го има Ансу Фати, но неговата иднина во Барселона е неизвесна, па постојат шанси бројот да биде слободен. „Дресот во моментов му припаѓа на Фати, но ако се случи тој да не биде тука следната сезона и ако бројот е слободен и клубот ми го понуди тоа, јас би го прифатил бидејќи тоа за мене е еден од најголемите сонови“, рече Јамал.    

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.