Барселона тргнува по Маркус Рашфорд

January 10, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона тргнува по Маркус Рашфорд

Барселона планира да го ангажира Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед до крајот на јануари, објавува каталонскиот весник Sport. „Барселона оди ‘all-in’ по Рашфорд. Клубот ќе се обиде да го донесе на позајмица до крајот на сезоната“, истакнува медиумот, додавајќи дека Каталонците се решени да го засилат својот напаѓачки кадар. Рашфорд, кој има 27 години, е достапен на трансфер-пазарот оваа зима. Милан и Јувентус први покажаа интерес за англискиот напаѓач, но Барселона сега влегува во трката со сериозни намери. Играчот не е во плановите на менаџерот Рубен Аморим во Манчестер Јунајтед, поради што му било предложено да си пронајде нов клуб.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.