Барселона во проблем – Камп Ноу под знак прашалник за ЛШ

August 21, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона во проблем – Камп Ноу под знак прашалник за ЛШ

Камп Ноу и понатаму не е во целосно функционална состојба и тоа создава големи проблеми за Барселона на стартот од новата сезона. Иако клубот очекуваше дека реконструкцијата ќе оди побрзо, работите на стадионот веќе доцнат повеќе од три месеци. Како резултат на тоа, УЕФА закажа официјална контрола на 28 август, со цел да утврди дали условите на „Камп Ноу“ се соодветни за одигрување натпревари од Лигата на шампионите. Доколку Каталонците не добијат зелено светло, тимот ќе мора да бара алтернативно решение. Една од опциите е Барселона да игра на два различни стадиона оваа сезона – мечевите од Ла Лига да се играат на Камп Ноу, а оние од Лигата на шампионите на стадионот Монжуик, каде што тимот настапуваше во последните две години за време на реконструкцијата. Клубот веќе направи чекор во таа насока – денеска официјално го резервира Монжуик до крајот на февруари 2026, што јасно укажува дека „Блауграна“ се подготвува и за најлошото сценарио. Првично беше планирано последното Ел Класико да се игра на „Камп Ноу“ на 11 мај годинава, но поради задоцнувањата тоа не беше возможно, што дополнително ја комплицира ситуацијата за клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.