Барселона „заробена“ со Фати – платата му ја блокира иднината

June 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Барселона „заробена“ со Фати – платата му ја блокира иднината

Ансу Фати останува „тежок товар“ за Барселона – каталонскиот гигант се обидува да го продаде, но безуспешно. Последната шанса за преселба во Монако е на чекор да пропадне, и тоа поради парите. Иако двете страни беа блиску до договор, трансферот падна во вода бидејќи Фати одбива да прифати помала плата од онаа што моментално ја има во Барса. Според извештаите, неговата годишна бруто плата се движи меѓу 12 и 16 милиони евра – сума што Монако не е подготвен да ја исплати. Ситуацијата сè повеќе наликува на тренд кој Барселона одамна сака да го прекине – играчи со високи примања кои не се дел од идните планови, но одбиваат трансфер бидејќи ниту еден друг клуб не нуди слични услови. Фати, кој беше етикетиран како идниот Меси, сега се наоѓа на раскрсница – дали ќе прифати намалување на платата за нов почеток или ќе остане во клубот каде што неговата улога е сè поограничена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.